(ВИДЕО) ГЛАСАЊЕТО ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ ПОЧНА СКАНДАЛОЗНО: Членови на БОЈКОТ ги малтретираа. колнеа и навредуваа гласачите во амбасадата во Мелбурн!

0
985

Скандалозно и незаконско однесување на иселеници од Австралија кои се против референдумот и против Договорот со Грција. Пред местата за гласање оние што гласаат се подложени на тортура, навреди и притисоци поради што не можат да си го остварат правото на глас.

Преку социјалните мрежи групата бојкотирачи на референдумот објавува видеа и фотографии од своите сонародници кои гласале. Извикуваат пцости по нив, ги оцрнуваат и навредуваат.

Од оние кои не ги познаваат објавуваат фотографии и им го бараат идентитетот. Фотографиите и видеата се објавени на фејсбук страната „предавници“.

Инаку Светскиот македонски конгрес од Австралија пред еден месеци на својата фејсбук-страница најави дека активисти на организацијата ќе бидат присутни во околината на македонската амбасада во Канбера,  и на други гласачки места, за да ги снимаат и да ги фотографираат тие што ќе влегуваат, а материјалите потоа ќе ги испратат во Македонија.