(Видео) Генерал Ангелов : Петрески ја почитувал забраната од Обвинителството, протестот пред МРТ продолжува и вечерва во 19 часот!

0
250

Angelov petr

 Главниот и одговорен уредник на информативната програма на јавниот сервис, Горан Петрески, на средбата со Стојанче Ангелов, објаснувал дека тие како телевизија имаат обврска да ги почитуваат препораките на Обвинителството да не се објавуваат снимките на опозицијата, пренесе Бриф.
– Го повикуваме Јавното Обвинителство да образложи врз основа на кој закон забранило да се емитуваат снимките на опозицијата на јавниот сервис Македонска телевизија – изјави Ангелов.
Од главниот уредник на информативната програма, Ангелов добил уверување дека во наредните денови ќе се оствари гостување на генералот во централниот дневник на јавниот сервис.
Стојанче Ангелов најави дека протестот пред МТВ продолжува, а вечер во 19 часот ги повика граѓаните масовно да се приклучат.
[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=TZ165wsUL1A[/youtube]