(ВИДЕО) Време е правилата да се менуваат – Кој има предност: Брзата помош или делегација?

0
196

На социјалните мрежи се појави видео, на кое се гледа како при минување на делегација, полицаец не и дозволува на Итната медицинска помош да се вклучи во конвојот, но подоцна самоиницијативно шоферот на амбулантното возило продолжува, а веднаш по него и друг автомобил, веројатно блиски луѓе или фамилија на човекот на кој му се укажува помош.

Полицаецот во овој случај реагира согласно правилата, односно дури минува делегација, не смее да помине никој, па макар тоа било и Итна медицинска помош, но гневот на граѓаните на социјалните мрежи е голем и тоа со право.

Голем број на граѓани го поставуваат прашањето: Дали нечиј живот е поважен од минување на делегација, но и контра-аргументите се со право, затоа што не е исклучена можноста со возилото на Итната медицинска помош да има маневр, што би значело обид за атентат врз делегацијата која минува.

Во секој случај, на оваа тема може да се дебатира многу, а дали е време за менување на правилата или не, проценете сами.