(ВИДЕО) ВЛАТЧЕ, ЕВЕ УШТЕ ЕДНА ШАЈКА ЗАКОВАНА – Премиерот Заев и градоначалникот на Гази Баба, Борче Ѓорѓиовски на свеченост по повод комплетирање на изградбата на основното училиште „Вера Јоциќ“: Вложуваме во човечкиот капитал, во децата како наш врвен приоритет за квалитетно образование и можности за сите

0
1368

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска се обрати на свеченоста по повод комплетирање на изградбата на основното училиште „Вера Јоциќ“, во општина Гази Баба.

На свеченоста со која се означи почетокот на градежните работи за изградба на нова спортска сала на училиштето, говореа и министерот за образование и наука Арбер Адеми и градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски.

Премиерот Заев во своето обраќање истакна дека вложувањето во младите и во децата во училишна возраст претставува наш силен влог во иднината.