(ВИДЕО) БРАВО И ЧЕСТИТКИ ЗА ЦЕНТАРОТ ЗА СОВРЕМЕНА И ЛИКОВНА УМЕТНОСТ ОД ПРИЛЕП : ПО ДОЛГИ ГОДИНИ НИЗ ГОЛГОТА УСПЕЈАА ДА ГО РАЗУБАВАТ ПРИЛЕП СО ЕДНО БОГАТО ЗНАЧАЈНО, ЛИКОВНО И КУЛТУРНО КАТЧЕ

0
253

Еден од најстарите во светот, прилепскиот Интернационален скулпторски
симпозиум кој го организира Центарот за современа ликовна уметност – Прилеп,
синоќа одбележа 55 години од своето постоење. По тој повод, во холот на
Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше организирана свеченост, на која
покрај градоначалникот Илија Јованоски, присуствуваше и амбасадорот на
Република Словенија во нашата држава, Милан Јазбец, како и други гости од
културниот и јавниот живот на Прилеп и Република Македонија.

Претседателот на Центарот за современа ликовна уметност, Горан Ристески,
нагласи дека главни “виновници“ за основањето и почетокот со работа на
Интернационалниот скулпторски симпозиум, се проф.д-р Бошко Бабиќ и
академскиот сликар проф.Ристо Лозановски.

„Ми претставува посебна чест и задоволство што минатата година прославивме
60 години од првата Интернационална сликарска колонија. Годинава
одбележуваме 55 години од скулпторскиот симпозиум, а веќе следната година
прославуваме 25 години од Интернационалното атеље за скулптура во метал“,
изјави Ристески.

Честитајќи го големиот јубилеј, градоначалникот Илија Јованоски потенцираше
дека Општина Прилеп со финансиски средства ја поддржа работата на Центарот
за современа ликовна уметност, кој преку бројните колонии и работилници, со
децении ја промовира македонската култура.

„Нивните дела го красат просторот пред Центарот за култура и многу други
делови од градот, со што Прилеп доби атрибут на отворена галерија на скулптури.
Затоа, Општина Прилеп од својот буџет оддвои средства и финансиски ја поддржа работата на Центарот, којшто со децении ја промовира македонската уметност и култура, создавајќи непроценливо богатство. Низ вештите раце на уметниците ќе бидат насликани бројни мотиви од Прилеп и прекрасните предели од Прилепско. Размената на искуства меѓу домашните и странските скулптори и сликари, секако придонесува за создавање, не само на поголеми уметнички вредности, но и промоција на Прилеп и Македонија како држава, со своја ликовна традиција и култура“, истакна Јованоски.

Во изминатите пет и пол децении, на Интернационалниот скулпторски симпозиум
учество зеле 164 скулптори од повеќе од 25 држави од светот. Годинава, покрај
двајцата учесници од Македонија, на симпозиумот учествуваат и четворица
скулптори од Шпанија, Хрватска, Србија и Црна Гора.