(ВИДЕО) БРАВО ДЕЧКИ, ЗНАЧИ ВЛАДАТА НИ СЕ ВИСТИНСКИ ЛЕВИЧАРИ : Над 22 илјади деца земаат детски додаток, со социјалната реформа ја намалуваме детската сиромаштија

0
222

По повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштија, Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Институтот за социјална работа и социјална политика Скопје и канцелариите на УНИЦЕФ и Светска Банка организира регионална конференција на тема „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата”.

„Голема е честа, но и одговорноста, да бидеме домаќини на една ваква конференција по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата и заедно со сите вас ценети гости да се заложиме за ефективна социјална заштита.

Навистина ми е драго што со посветена работа Министерството за труд и социјална политика успешно ја имплементираше социјалната реформа. Ова беше едно од нашите главни ветувања и среќен сум што веќе го исполнивме. Граѓаните веќе земаат социјална помош повисока во просек за 300%. Ваков пораст на социјалната помош не се памети во државата“, истакна претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев.