(ВИДЕО) Бошкоски со овации пречекан во Челопек: Со моето ослободување ќе дојде и слободата во Македонија

0
64

ljube_osloboden_vo_celopekСтотина роднини, пријатели и членови на Обединети за Македонија, попладнево со аплауз и овации го пречекаа Љубе Бошковски во дворот на црквата Свети Никола во неговото родно село Челопек, пренесе Телма.

Бошковски се поздрави со речиси сите присутни, запали свеќа во храмот.

По повод неговото ослободување во црковниот двор беше организиран и јавен пречек со музика, братско сестринска трпеза и веселба.

Бошковски рече дека со неговото ослободување ќе дојде и слободата во Македонија. Се заблогодари на сите кои за време на неговиот престој во Идризово му давале подршка. Не сакаше да даде коментар за неговите идни конкретни политички ангажмани.

Ќе се потрудам во наредниов период да ја презентирам вистината, затоа што за мене на македонската политичка сцена во изминатите 5 години се појавија многу заблуди, изјави Бошковски.

Бошковски од затворот Идризово беше ослободен вчера попладне, откако одлежа 5 годишна затворска казна, обвинет дека незаконски ја финансирал изборната кампања за неговата партија. Роднините и пријателите беа затечени од неговото ослободување, кое според најавите требаше да се случи на 6 јуни понеделник Тој поради доброто однесување имаше можност да биде ослободен 60 дена порано.

Неговото спектакуларно апсење беше на 5-ти јуни, 2011-та година, пред ресторанот “Воденица во Скопје. Во опозициските бомби се слушна начинот како било организирано апсењето на Бошковски. СЈО за тоа го отвори случајот Тортура, го товари Сашо Мијалков како организатор и нарачател на малтретирањето и уште 6-мина полициски алфи како извршители. Иванов ги аболираше сите седумина, а потоа го повлече помилувањето само за првооосмничениот –екс директор на УБК.

Видеото може да го погледнете ОВДЕ