(ВИДЕО) Бомба на Заев: Се сомневам со голема сигурност дека Мицкоски е вмешан во бегството на Груевски

0
394

Премиерот Зоран Заев вечерва во емисијата 24 Отворено истакна дека врз основа на сите информации што ги има постои основа за сомневање дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е вмешан во бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Бегството на Груевски било помогнато однадвор, но со оглед на тоа што тој бил премиер долг временски период имал доволно луѓе да му помогнат и од одвнатре.

Нагласи дека Мицкоски имал средби и со премиерот на Унгарија Виктор Орбан и со премиерот на Србија, Александар Вучиќ, но по средбите не објавил за што зборувале. Нагласи дека тој не може да тврди дека на тие средби можеби се разговарало нешто за бегството на Груевски, но додаде дека врз основа на информациите со кои располага има основа за такво сомнвеање.

Не сакаше да говори за детали од истрагата за тоа каде е одговорноста за бегството на поранешниот премиер, но нагласи дека не верува оти Мицкоски ќе биде вклучен во истрагата.