(ВИДЕО) БОМБА НА ЗАЕВ НА ББЦ: Повеќе од 75% ќе излезат на референдум и ќе гласаат ЗА!

0
1633

Конечно по 27 години од нашата независност мораме да одлучиме каква иднина сакаме и ние ќе ја поддржиме таа иднина. Јас верувам дека над 70 од нашите граѓаните ќе го поддржат тоа, изјави премиерот Заев во интервјуто за BBC.

Премиерот вели дека анкетите му даваат простор да биде сигурен дека референдумот ќе успее.

„На пример анкетите покажуваат дека над 75% поддржуваат влез во НАТО и ЕУ. Повеќе од 70% од нашите граѓаните веруваат дека ова прашање требаше да се реши подоцна или сега е добар момент. Повеќе од 75% ќе излезат на референдум и ќе гласаат.“ – вели Заев за BBC.

Прашан за опозицијата, Заев вели дека неосновано го обвинуваат дека работи спротивно на Уставот.

– Тие не обвинуваат дека го кршиме Уставот и законите со Договорот со Грција но во теорија ова е само договор на кој го има мојот и потписот на нашиот МНР. Ќе има референдум, институциите по тоа ќе гласаат за промени на Уставот. Има процес и по тоа во кој Грција Договорот ќе го ратификува во Парламентот и тогаш Договорот ќе биде активен.