(ВИДЕО) БОМБА НА ЖУТИ КОЈ ЈА НЕГИРА ПРИКАЗНАТА НА МЕНЧЕ ТОЧИ: Фирмата која има поднесено понуда за реагенси е „АБОТ“ од Франкфурт. Таа фирма е интернационална, со основачки влог од 100 милиони евра. АБОТ бараше чиста фирма во Македонија!

0
741

Во интервју за 1ТВ, управителот на фирмата „АХР ЛАБ“, која изминативе денови беше во фокусот на јавноста поради тендерот на Министерството за здравство за набавка на реагенси, Александар Јовановски – Жути вели дека неправедно неговото име било предмет на шпекулации бидејќи неговата компанија која е основана во април годинава не била директен понудувач на тендерот, туку подизведувач на германската компанија „АБОТ“.

„Ниту имам поднесено понуда, ниту можам да бидам добитник на овој милионски тендер. Фирмата која има поднесено понуда е „АБОТ“ од Франкфурт. Таа фирма е интернационална, со основачки влог од 100 милиони евра. АБОТ бараше чиста фирма во Македонија“, вели Јовановски.

Тој тврди дека АБОТ е субјектот кој ја ангажирал компанијата „АХР ЛАБ“ во која како управител се јавува Јовановски. Во однос на тоа зошто не се јавил со реакција во јавноста, Јовановски како причина ја наведува сериозноста на тендерот како и компанијата, пред тој да биде завршен.

Управителот на „АХР ЛАБ“, ги отфрла сите пишувања на медиумите за неговите пријателски односи со министерот Венко Филипче и поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков.

„Со министерот за здравство имам професионално-деловен однос, бидејќи сме дел од работењето во здравствениот сектор. Немам никакви лични или бизнис зделки. Со Мијалков се познаваме лично, но јавно кажувам дека немаме заеднички бизнис“, вели Јовановски.