(ВИДЕО) БОМБА на Дамјан Манчевски: Оригиналите и копиите од записниците од изборите покажуваат различни бројки!

0
9401

Мнозинството граѓани на Македонија, одлучно, храбро, сплотено како никогаш досега на вчерашните избори избра промени! Има се уште пребројувања на гласовите. Резултатот потврдува само едно: Режимот на Груевски е поразен, рече Дамјан Манчевски, шеф на изборен штаб на СДСМ и коалицијата.

Времето на политичари како Никола Груевски заврши.
Граѓанте избраа живот.

Граѓаните вчера избраа подобар живот. Граѓаните избраа правда. Македонија гласаше за институции на и за граѓаните.

Граѓаните ќе си ја вратат државата во свои раце.

Почитувани граѓани,
Испишуваме историја не само во државава, не само во регионални, туку и во светски рамки.
Поразивме режим – со пенкало, со глас!

На сите вас граѓаните сакаме да ви се заблагодараме што сте дел од овој процес за изградба на нова, светла, просперитетна Македонија. Македонија којашто отвора иднина за младите луѓе во оваа земја и за секој човек. Во следниот период, сите, и оние кои беа принудени да го дадат својот глас за режимот, ќе ја почувствуваат слободата.

Се покажа тоа што го велевме цело време, дека секој е важен.

Она што е многу важно, е секој да остане посветен на овие процеси што ги отворивме од вчера за добар живот во Македонија и за напредок на Република Македонија.

Какви се вашите проекции околу распределбата на пратеничките места?

Се уште ги пребројуваме гласовите, сите опции се отворени, ќе почекаме до крајот на денот за да можеме финално да кажаме. Меѓутоа, сите опции се отворени.

Според неофицијални информации од ДИК резултатот е 51:49 во корист на ВМРО-ДПМНЕ?

Да, но меѓутоа и самите сте сведоци дека ретко кој се осмелува да каже број на мандати, затоа што премали се разликите, во премногу места така што ги собираме записниците од терен и може да има промена во бројките.

Имате ли точна бројка колку проценти е разликата помеѓу најголемите македонски партии?

Ја имаме апсолутната бројка на гласови но сепак таа не е важна, затоа што ви кажав, ги собираме записниците. Ги имавме вчера копиите, оригиналите покажуваат некои сосема други бројки. Во тек е броењето, ќе ве замолам да почекаме уште некое време.

Што ќе биде сега со вашите министри и дополнителни заменици министри? Дали ќе се повлечат денеска или ќе чекате официјални резултати?

Апсолутно треба да ги почекаме официјалните резултати, за да може да се потврди дека со режимот е завршено.