(ВИДЕО) Богоев: Никола, младите одлично и кристално гледаат, промените доаѓаат

0
112

Најдобар начин за решавање на бројните проблеми што им ги направи и остави оваа власт на младите е тие да учествуваат во креирањето на политиките за млади и во нивното спроведување. Тоа СДСМ го овозможи прифаќајки во Програмата најголем дел од предлозите на СДММ и на младите низ Македонија искажани преку проектот Визијата за Македонија, рече претседателот на СДММ и пратеник Стефан Богов на денешната дебата со младите во Неготино.

Тој соопшти поголем дел од мерките коишто имаат за цел да обезбедат пристоен живот на студентите и средношколците, со што меѓу другото СДСМ планира да го запре трендот на иселувањето на младите луѓе од Македонија.

Една од мерките е Младинска гаранција.

– На младиот човек, по завршувањето на образованието ќе му овозможиме или да се вработи или да продолжи со практично дообучување, или ќе му помогне државата да си го продолжи своето образование, рече Богоев.

За реформите во образованието Богоев најави дека ќе почнат со укинување на погубниот концепт – екстерно тестирање, веднаш откако СДСМ ќе ја добие одговорноста од граѓаните да ја води државата, а крајната цел е квалитетно образование по успешни модели од земји од ЕУ.

Над 70 проценти од младите доколку имаат можност би заминале од Македонија, младинската невработеност е над 50 проценти, студентскиот стандард е многу низок, а студентите буквално преживуваат во ужасно лошите услови во студентските домови. На овие официјални податоци се повика претседателот на СДММ кога констатираше дека Македонија станува држава на стари, додека младите заминуваат да работат по бродови и далеку од дома, во странство.

– Никола Груевски во изминатиов период панично трча на сите страни и се обидува да нуди некакви квази мерки за младите. Иако сме свесни дека 10 години буквално ги заборави младите, сега кога е во тесно ветува брда и долини.

Заедно денеска, од тука, од Неготино, од срцето на Тиквешијата и центарот на Македонија да му порачаме:

Никола не ни треба подобра диоптрија да го видиме катарстрофалниот живот што им го остави на младите во Република Македонија.

Никола добар ни е диоптерот, одлично и кристално јасно гледаме како промените доаѓаат, рече претседателот на СДММ, Стефан Богоев на денешната дебата во Неготино, посветена на младите.