(ВИДЕО) Богоев: Бонева стана симбол за коруптивното и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ

0
193

ВМРО-ДПМНЕ и Силвана Бонева изгубија усул во крадењето државни пари, за само шест месеци работа во ДИК, Бонева зела 12 илјади евра за патни трошоци или 2.000 евра на месец, рече пратеникот Стефан Богоев на денешната преконференција.

– Тоа е перверзно и бескрупулозно, алчно и криминално однесување на блиската соработничка на обвинетиот криминалец Никола Груевски, со кое дрско им се потсмева на сиромашните во Македонија. Силвана Бонева стана симбол за коруптивното и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Додека 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија, со помалку од 40 денари на ден, богатењето на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери не запира.Еве на кој начин Груевски и неговите соработници купуваат станови и плацеви на име на своите синови и мајки.Еве како ВМРО-ДПМНЕ стаса до имот вреден 60 милиони евра, невиден и за големите партии од богатите земји во Европа. По 11 декември сите што ги злоупотребиле парите на граѓаните и ги прекршиле законските прописи, ќе одговараат, а парите ќе бидат вратени во буџетот и искористени за потребите на граѓаните – вели Богоев.