(ВИДЕО) Богоевски: Не може да ме прекорува правниот систем кој дозволува Груевски 10 години да ја силува правдата!

0
314

Судењето на активистот на „Шарена револуција“, Павле Богоевски, беше одложено за 14 ноември.

– Обвинителството се дрзна да покрене постапка без претходно да биде определена штетата, па денеска на првото рочиште им текна да предложат како сведок претставник на Министерството за култура кој дополнително ќе се произнесе за наводно причинетата штета. Поради тоа се одложи судењето за 14 ноември што не претставува никаков проблем освен што се продолжува и одолговлекува оваа голгота и малтретирање. Во меѓувреме обвинителството на Зврлевски продолжува да го игнорира вистинскиот криминал во државава, продолжува да постапува исклучително по налог на партискиот шеф, но многу ми е мило што се собравме тука и многу луѓе дојдоа во работо време за да кажат дека додека нема да има правда, нема да има ни мир – рече Богоевски.