(ВИДЕО) Беџети: Еден ден ќе се расветли дали заради личните врски со Ставревски, Светска банка толерирала фискална недисцплина

0
213

бедзети-540x298

Интервју за Абдулменаф Беџети за Емисијата „Економски магазин’ на Алсат.

(…)
Економски магазин
: Светска банка, пред неколку дена во последниот извештај ја предупреди владата дека во однос на задолжувањата, не ги почитува ниту таргетите што самата си ги поставила.

 

 А. Беџети: Така. Конечно тоа да се случи. Имав постирање пред 4-5 дена на мојот Фејсбук профил дека конечно се разбуди и Светската банка, несомнена кредибилна институција. Слично алудирав и за ММФ до пред една година бидејќи голем дел од вината за оваа фискална недисциплина, за оваа слаба фискална пруденција, за недостиг на транспарентност, неодговорност, давањето отчет, основните начела во менаџирањето на јавните финансии има токму ММФ и Светската банка. Тие на овој или оној начин се обврзани во нивните програми за набљудување да ја следат оваа фискална пруденција.

Економски магазин: На што го темилите ваквото мислење?

А. Беџети: Имаат одговорност бидејќи до пред 6 месеци целосно молчеле, ќе ве потсетам, за првпат во јули ММФ со право предупреди за запоставувањето и непочитувањето на фискалната стратегија на земјата, за тенденцијата на покачување и интензитетот за покачување на јавниот долг, ова беше на почетокот на јули во својот редовен извештај од канцеларијата на ММФ во Македонија. Сега во септемврискиот извештај кој Централната банка го објави пред неколку дена, за првпат тие се загрижени за избегнување на параметрите кои сами ги одредиле. Фискалната стратегија на земјата одредува невисоко ниво на буџетскиот дефицит за тоа колку што е одредено, но тоа се случило во последните 4-5 години, каде беше Светската банка до сега или имала лични врски како што лично Ставрески вели, со својот личен ангажман и личниот капитал во лични врски кои ги има со канцеларијата на Светската банка создал поволности за да се замижи пред овие политики. Еден ден и тоа ќе се расветли.

Економски магазин: Сметате дека тоа е една од причините за отуството на едно посилно предупредување од страна на Светска банка?

А. Беџети: Апсолутно. За жал тоа е индикативно, самиот министер за финансии го констатира тоа. Ние имавме можност да го слушаме, ние го прејудициравме тоа, сме го предупредиле тоа. Јас веќе 3-4 години гласно го критикувам ММФ и Светската банка за оваа толеранција бидејќи не сме имале друг механизам. Тие одлично гледаат каква транспарентност има, ние се обидуваме да правиме анализи и студии а имаме и основен недостиг на податоци. Ви се молам кажете ми кој знае колкав е јавниот латентен долг, скриен кој тие го нарекуваат “hidden”.