(ВИДЕО) Барселона по петти пат го освои Суперкупот на УЕФА

0
289

Фудбалерите на Барселона по петти пат го освоија европскиот Суперкуп совладувајќи ја во грузиската престолнина Тбилиси екипата на Севилја дури по продолжението со 5-4, и покрај убедливото водство што го имаа на почетокот од второто полувреме (4-1).

mesi-supp

Головите за Барселона ги постигнаа Лео Меси во 7 и 15 минута, Рафиња во 44, Луис Суарез во 52 и Педро Родригез во 115 минута, додека за Севилја прецизни беа Еван Бенега во 3, Хозе Антонио Рејес во 57, Кевин Гамеиро во 72 од пенал и Јевгениј Конопљанка во 81.

Тоа беше натпревар кој по многу нешта ќе влезе во историјата на Суперкупот, во кој Барселона дојде до првата титула во сезоната, победувајќи дури во продолжението иако веќе во 52 минута имаше водство од 4-1. Најверојатно ова ќе биде прогласен за најатрактивниот Суперкуп меч досега, со две возбудливи полувремиња и вкупно осум гола во регуларниот ден. Во првите 15 минути беа постигнати три гола, и тоа сите од слободен удар, а и последниот гол беше постигнат по изведување на слободен удар.

barselona

Веќе во 3 минута Севилја го изненади големиот фаворит, откако Аргентинецот Банега од слободен удар откосо постигна убав гол, што е воедно и најбрзиот постигнат погодок во европскиот Суперкуп. Но, веќе во 7 минута на речиси идентичен начин од слободен удар откосо со лева нога Лионел Меси го изедначи резултатот, а во 15 минута од 20-ина метри повторно од слободен удар го погоди аголот од голот на Севилја. Во 44 минута Барса веќе водеше со 3-1, по долгата акција во која Суарез прво сам изби пред голманот Бето кој го одбрани неговиот шут, меѓутоа Уругваецот прифаќајќи ја топката прекрасно го проигра Рафиња во противничкиот петерец кој ја погоди мрежата.

Суарез сепак се впиша во листата на стрелците откако одбраната на Севиља пред својот шеснаесетник му подари една топка на Бускетс кој го проигра осамениот Уругваец кој егзекутираше за 4-1. Во тој момент се чинеше дека победникот е решен и оти Каталонците ќе ја постигнат можеби најголемата победа во ова натпреварување. Меѓутоа, се случи драматичен пресврт, бидејќи играчите на Барса како да застанаа, особено откако од игра поради повреда излезе капитенот Иниеста, одбрана правеше несфатливи грешки, а замените што ги направи Луис Енрике не го дадоа резултатот кој тој го посакуваше.

Во 59 минута несфатливо оставениот сам Рејес намали за Севиља по нафрлувањето на Витло, а во 71 минута Гамеиро од пенал веќе создаде реални шанси за пресврт на Андалузијците. На девет минути пред крајот во акцијата на двете засилувања Имобиле и Конопљанка, Севиља го израмни резултатот на 4-4 и мечот отиде во продолжувања.

Во продолжението до 115 минута не беше создадена ниедна шанса за постигнување погодок. Тогаш беше досуден слободен удар пред шеснаесетникот на Севиља, Меси шутираше во живиот ѕид, но одбиената топка ја протури низ мноштвото нозе што голманот Бето со крајни напори ја одбрани, но натрча Педро кој ја заби топката за 5-4. До крајот одбраната на Барселона продолжи со конфузијата во маркирањето на противничките играчи во сопствениот казнен простор, но недостигот од концентрација на Коке и бекот Адил Рами во последните секунди од мечот спречи финалето да добие пенал завршница.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=zcaFh1kuKck[/youtube]