(ВИДЕО)Сугарески: Помилувааните криминалци нема да бараат укинување на аболицијата

0
210

SUGAREКриминалната врхушка со помош на ДУИ носат некаков закон за помилување. Ние не сме за закон за помилување, туку а целосно укинување на аболицијата на сите криминалци, рече вечерва пред демонстрантите од Шарената револуција пратеникот Горан Сугарески.

– Груевски на 11 мај поднесе листи и ги убедуваше таканаречените бранители на Македонија дека ќе има избори на 5 јуни. Жал ми е што за мене најсилната институција, Уставниот суд, пет луѓе, направија мивки од тие судии. Во февруари ги тераа да гласаат против, а сега за иницијатива за укинување на одлуката за распуштање на парламентот. Законот што денеска го донесоа во Собрание, иако стои таму дека овие аболирани криминалци со писмо треба да се јават и да бараат аболицијата да биде симната, најголем дел тоа нема да го направат, и по нивниот закон, нема да го направат. Но тој закон не е важен – рече Сугарески.