(ВИДЕО)Димитриевски: Правдата ќе се врати, готов си Груевски!

0
289

Максим Димитриевски, член на извршниот одбор на СДСМ, нa денешниот протест за враќање на правдата, слободата и демократијата во Македонија, порача: Правдата ќе се врати, готов си Груевски!

– Вчера навршија една година од кумановските настани. Многу брзо ќе дознаеме кој тоа беше сценаристот, а режисерите се тука на настаните. Ќе ги ставиме таму каде што им е место, ќе одговараат за велепредавство, а не да се самонаградуваат. Додека поединци професионалци од МВР гинеа, они си делеа на секретарки, возачи и на самите себе награди за успешно завршена акција, во која погинаа 8 специјалци, 115 илјади растревожени луѓе и над два милиона граѓани во оваа држав – рече Димитриевски пред демонстрантите.

Тој кажа дека му е чест и гордост што рамо до рамо сите тие ја пишуваат современата македонска историја, историја во која, според него, политичките партии ќе бидат на втор план.

– Без разлика на нашата етничка, верска или било која друга припадност, јавно упатуваме од овде, Груевски, немој да ни објаснуваш за системи капка по капка, нам пелети не ни требаат за греење, бидејќи дрва граѓаните немаат. Нам ни треба слобода и еднаквост, достоинствен живот – рече Димитриевски.