Венко паметиш?! Јас никогаш нема да заборавам!

0
636

Бидејки вчера Министерот за здраство Venko Filipce се дрзна да ги обвини Мајките дека се криви за смртта на нивните новороденчиња кои ги носеле 9 месеци во стомак, под СРЦЕ, сакам да го прашам кој е крив за неговиот извештај што го напиша за мене, да не сум случајно јас???
Вака: од осигурителните компании што водам судски спор со нив, бидејки останав инвалид во сообракајна несрека ме пратија кај тебе на ВЕШТАЧЕЊЕ сегашен Министре а тогашен советник на Тодоров, ти докторе напиша во твојот извештај дека не си сигурен дали инвалидноста ми е здобиена од сообракајната незгода, а јас после сообраќајката лежев 72 дена во болница и во прилог ти е доставена еден ТОН документација пропратена со КОНЗИЛИЈАРНИ МИСЛЕЊА од доктори СПЕЦИЈАЛИСТИ кои ТВРДАТ дека инвалидитет ми е како последица на СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА…
Благодарение на твојот извештај јас морав да одам во ИНСТИТУТ ЗА СУДСКА МЕДИЦИНА НА ВЕШТАЧЕЊЕ, но таму веднаш установија дека мојот инвалидитет е здобиен од сообраќајна несреќа!!!
П.С Ти само да ја напишеше вистината досега на мене ке ми ги исплатеа парите од компанијата за оштетата која ЗАКОНСКИ МЕ СЛЕДУВА, и јас ке одев некаде во странство за да пробам да се излечам, и можеби сега ако не повеќе барем на штаки ке одев, и немаше да седам во инвалидна количка-но благодарение на твојот нарачан извештај за мојата фактичка состојба, јас сеуште немам земано оштета и неможам соодветно да се лекувам!!!-кој е крив за твојот извештај, да не ти го подметнаа и ти случајно си го потпишал???
П.С ако сакаш објави ја јавно пораката која ти ја пишав во инбокс 2016 година…
И кажи што ми викаше во твојата канцеларија: потпиши ми да те отворам за да видам кај е проблемот ама не гарантирам ништо, пошто се работи за нерв!
На тоа мојот колега што беше присутен ти рече: докторе абе како ќе го отвараш кога незнаеш што му е или сакаш да се учиш на него, па он не е кола бе докторе да отвараш кај што ке стигнеш и ако не бива да ја поправиме ке купиме нова- на што ти малку се уплаши-ПАМЕТИШ??? ЈАС ДОБРО и нема никогаш да заборавам!!!

Фејсбук статус на Благојчо Брлоко Ѓорѓиев