Ваш водич за Витамини

0
652
Vitamins & minerals

По објавувањето на првиот дел од водичот за витамини, следува и вториот дел! 🙂

ВИТАМИНИ:

Фолат – го има во житарки, збогатени витамини, зелјест зарзават, мешунки…

Помага за: раст на ткивото кај матката за време на бременост, нормална функција на крвта, нормален метаболизам на хомоцистеинот, намалување на заморот и истоштеноста, нормална функција на имунолошкиот систем.

Колку треба да внесувам дневно? – Нутриционистички референтни вредности: 200 микрограми се еднакви на 6 полни лажици зготвен спанаќ/

Vitamins & minerals
Vitamins & minerals

Холин – го има во јајца

Помага за: одржување на нормална функција на црниот дроб…

Колку треба да внесувам дневно? – Нутриционистички референтни вредности: 550мг. се еднакви на 3,5 јајца.

Витамин Е – го има во сончогледово масло

Помага за: заштита на клетките од оксидативен стрес.

Колку треба да внесувам дневно? – Нутриционистички референтни вредности: 12мг. витамин Е се еднакви на 2,5 лажици сончогледово масло.

Биотин – го има во јајца, јатки, мешунки, црн дроб и интегрални житарки.

Помага за: Нормален метаболизам од кој добиваме енергија, нормална функција на нервниот систем, нормален метаболизам на макронутриентите, одржување на нормална кожа и коса.

Колку треба да внесувам дневно? – Нутриционистички референтни вредности: 30микрограми се еднакви на 1,5 шака кикирики.

Витамин Ц – го има во агруми, компири, јагоди…

Помага за: нормална функција на имунолошкиот систем, нормален метаболизам, одржување на енергијата, нормална функција на нервниот систем, заштита на клетките од оксидативен стрес, намалување на заморот и истоштеноста и ја зголемува апсорпцијата на железо.

Колку треба да внесувам дневно? – Нутриционистички референтни вредности: 80мг. витамин Ц се еднакви на 2 мали портокали.

Витамин Д – го има во масна риба, млечни производи, јајца и се создава при изложеност на кожата на сонце

Помага за: одржување на здрави коски, одржување на нормална мускулна функција, нормална функција на имунолошкиот систем, за подобрена апсорпција на калциумот и фосфорот.

Колку треба да внесувам дневно? – Нутриционистички референтни вредности: 15микрограми витамин Д се еднакви на 1 мала филета фимена скуша (63гр.).

*Најавуваме – ВАШ ВОДИЧ ЗА МИНЕРАЛИ!