ВАШИНГТОН МУ РОКНА БОМБА НА РЕЖИМОТ: Објавен годишниот извештај на Стејт департментот: Македонија страда од корупција во власта, непочитување на судството и притиснати медуми

0
201

Високото ниво на корупција и неуспехот на владата целосно да го почитува владеењето на  правото се главен проблем за човековите права во Македонија, се вели вогодишниот Извештај за човековите права за 2015 на Стејт департментот на САД, објавен ноќта по македонско време.

sad-ambasada-report

Извештајот се појави на веб страницата на американскиот Стејт департмент во средата навечер додека во центарот на Скопје поголема група граѓани протестираа против одлуката на претседателот Иванов за аболиција на политичари осомничени за криминал кој произлегува од прислушуваните разговори, а за што од САД претходно стигнаа изјави дека неказнувањето ги штити корумпираните службеници. На протестите, по судирот со полицијата имаше и повредени и приведени.

Во годишниот извештај за човековите права во земјите од светот што Стејт департментот го објавува секоја пролет за Македонија е направена врска помеѓу загрозените човекови права предизвикано од високото ниво на корупција.

„Најважниот проблем со човековите права произлегува од високото ниво на корупција и од неуспехот на владата целосно да го почитува владеењето на  правото, како и од континуираните напори да се ограничи слободата на медиумите, мешањето во судството и селективното казнување на прекршителите“, стои во Извештајот за човековите права во Македонија за 2015 на американскиот Стејт департмент.

„Политичкото мешање, неефикасноста, кронизмот и непотизмот, одолговлекувањето на процесите, кршењето на правото на јавно судење и корупцијата го карактеризираат судскиот систем. Во текот на годината, објавувањето на неовластено пресретната комуникација снимена од владините служби за разузнавање открија докази за политичко мешање во јавната администрација и медиумите, како и корупција на високо ниво“, се вели во Извештајот за човековите права во Македонија на американскиот Стејт департмент.

Непосредно пред објавувањето на Извештајот, вчера попладне, Соединетите Американски Држави официјално го повикаа претседателот Ѓорге Иванов да ја преиспита одлуката и да му дозволи на Специјалното обвинителство да ги истражи сериозните обвиненија за владин криминал и да им дозволи на судовите да си ја завршат работата.

Во изјава што ја даде Џон Кирби, помошник секретар и портпарол на Стејт департментот се вели дека „САД се длабоко загрижени од објавата на претседателот Иванов да ги помилува лицата кои се предмет на истрага во врска со скандалот со прислушувањето. Ако се исполни, оваа одлука ќе ги заштити корумпираните службеници и ќе го лиши од правда народот на Македонија. Исто така тоа и понатаму ќе го поткопа владеењето на правото во Македонија, како и интегритетот на судските институции и веродостојноста на посветеноста на лидерите кон фундаменталните вредности на НАТО и ЕУ“, стои во изјавата од Стејт департментот.

Извор: Либертас