ВАЖНО СООПШТЕНИЕ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ПО ПОВОД ,,ПИВО ФЕСТ”

0
362

Општина Прилеп ги известува граѓаните, дека заради почнување на активностите за припрема на „Пивофест 2019“, од понеделник, 15.07.2019 година од 21.00 часот, се затвора за сообраќај булеварот „Гоце Делчев“, на потегот од поранешната „Градска кафеана“ до „Тинекс“.

Истовремено, со цел да се овозможи непречено изведување на предвидените активности, се замолуваат граѓаните да не ги паркираат своите автомобили на тротоарот на овој дел од булеварот „Гоце Делчев“.