Буџетските крлежи се накотиле како зајаци по државните институции : За плати во локалната самоуправа се трошат исто пари колку и за инвестиции

0
412

80-те општини и Градот Скопје годинава вкупно ќе потрошат околу 735 милиони евра. Од нив, третина, односно 248 милиони евра одат за плати и надоместоци на вработените и речиси исто толку, односно 254 милиони евра за инвестиции во инфраструктурата.

Најмногу пари од сите 80 општини во Македонија, годинава ќе потроши Карпош, додека пак, со најмал буџет располага Пласница. Град Скопје годинава планира да потроши вкупно 112 милиони евра, што е 15% од парите што вкупно ќе се потрошат на локално ниво од страна на сите локални самоуправи.

Вкупно во Скопје, Градот и општините ќе потрошат 268 милиони евра односно 36% од сите расходи планирани на локално ниво во земјата.

Меѓу првите десет општини што располагаат со најмногу пари се и Тетово со 32 милиони евра, потоа Куманово со 29 милиони евра, Битола со 26 милиони евра, скопската општина Центар со 24 милиони евра. Понатаму на листата следува уште една скопска општина, Чаир, со буџет за годинава од 22 милиони евра, општина Прилеп со 19 милиони евра, и Струмица и Охрид со буџети нешто поголеми од 18 милиони евра.

Сите 80 општини и Град Скопје годинава планираат да потрошат вкупно околу 735 милиони евра, што е четвртина од државниот буџет и 8,1% од бруто домашниот производ (БДП).

Гледано според бројот на жители, пак, ниту една од општините со најголеми буџети не е и најголем трошач по жител.

Прва на листата со буџет од 1.440 евра по жител е општината Новаци. Буџетот на Македонски Брод за годинава е 815 евра по жител, а меѓу првите десет најголеми трошачи по жител се и општината Дојран со 788 евра, Македонска Каменица со 753 евра, Демир Капија со 745 евра, Сопиште по 715 евра по жител. Следуваат општина Карбинци која ќе потроши 651 евро по жител, Старо Нагоричане со буџет од 627 евра по жител, Кривогаштани со 603 евра и Ранковце со 569 евра по жител.

Најмалку пари по жител годинава ќе потрошат општините Сарај со 160 евра по жител и општината Арачиново со 139 евра, што е на пример десет пати помалку од рекордерот на оваа листа, општината Новаци.

Ако се анализира структурата на трошењето на општинските пари, произлегува дека третина од парите завршуваат за плати и надоместоци на вработените, уште толку за инвестиции во општинската инфраструктура и остатокот за други тековни потреби. Или попрецизно, од вкупно 735 милиони евра, општините годинава за плати и надоместоци на вработените ќе наменат 248 милиони евра, а за инвестиции во инфраструктура вкупно 254 милиони евра.

Најголем дел од општинската каса за плати одвојува Арачиново, која што дури 61,8% од парите ги троши за вработените. Во апсолутен износ, за плати и надоместоци Арачиново годинава ќе потроши 1 милион и 150 илјади евра. Со удел од 59% во вкупниот буџет, второ рангирана општина што троши најмногу пари за плати е Дебар. Потоа следуваат Виница со удел на платите и надоместоците за вработените во буџетот од 58,4%, Гостивар и Долнени со по 52,7%, Јегуновце со 52,3%, Кичево со 51,8%, Сарај со 51,3%, Струга со 51,1% и Студеничани која половина од буџетот годишно го троши на плати.

Најмалку пари за плати како удел во целиот буџет трошат општините Пласница која за оваа намена одвојува само 12,5% од парите, Новаци со удел од 13,3% и Илинден со 17,9%.

Целата сторија ОВДЕ