БУЛДОЖЕРОТ на Меркел, Хајндл на консултации во Берлин и Вашингтон па ќе дојде во Скопје

0
270
Botschafter der Bundesrepublik Deutschland, Johannes Konrad Haindl

Специјалниот германски пратеник во Македонија, амбасадорот Јоханес Хајндл неделава ќе изврши широки консултации, најпрво во Берлин, а потоа и со САД, ЕУ и Грција, пред да пристигне во Скопје, пишува Дојче Веле.

Можно е специјалниот пратеник на шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер до крајот на неделава да пристигне во Скопје, откако ќе изврши широки консултации, најпрво во Берлин, а потоа и со меѓународните партнери во врска со неговата мисија во Македонија.

Со сигурност се знае дека амбасадорот Јоханес Хајндл до средината на неделава ќе престојува во Берлин, а потоа заминува во САД, потврди за ДВ, портпаролот на германското МНР, Мартин Шефер.

„Амбасадорот Хајндл во вторник и среда доаѓа во Министерството за надворешни работи во Берлин, а потоа заминува на консултации во Вашингтон, Хаг и Атина. Кусо потоа ќе отпатува за Скопје“, вели Шефер.

Притоа нема да има промени во статусот на Хајндл, бидејќи тој ќе остане и натаму да ја врши својата примарна функција како германски амбасадор во Австрија.

„Во Берлин, Хајндл ќе има средба со експерти во Министерството за надворешни работи, со цел да ја развие и прошири својата активност. Тој ќе работи заедно со Европската комисија, САД, и другите кои имаат интерес за смирување на тешката внатрешно-политичка состојба во Македонија. Најпрво ќе се завршат неопходните консултации, а потоа Хајндл ќе замине во Скопје“, дополнува Шефер.

(…)

Во германското МНР не можеа точно да одговорат на прашањето, дали е ова прв случај Германија да испраќа свој специјален претставник во една европска земја, но портпаролот вели дека „во секој случај не се работи за вообичаен процес“.

„Но тоа и не може да биде вообичаено затоа што состојбата во Македонија, од повеќе аспекти, ни предизвикува голема загриженост“.

Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ