БРОДОТ ТОНЕ: Министерот за администрација и информатика Иво Ивановски ја напушта Владата!

0
270

Во септември Владата ќе добие нов министер за информатичко општество и администрација. Досегашниот министер, Иво Ивановски, заминува на одговорна позиција во приватна меѓународна компанија, јави МТВ.

ivo-ivanovski-540x320

Во изјава за јавниот сервис, Ивановски вели дека и на новото работно место ќе има можност да работи во интерес на Македонија.

Во 2006-та година кога Ивановски станува дел од тимот на Груевски, само 9 проценти од македонските граѓани користеа интернет, а денес на интернет е повеќе од 70 проценти од населението.

Ивановски вели дека кога става црта на својот биланс важни се и многу други реализирани проекти.

Од Владата се надеваат оти Ивановски и со новиот ангажман ќе продолжи да го промовира имиџот на Македонија. Велат дека премиерот Груевски е во процес на консултации за избор на нов министер кој ќе се зафати со реализација на комплексната и амбициозна владина програма.

Ивановски е прв министер за информатичко општество, ресор формиран во 2008 на кој неколку години подоцна беше додаден и ресорот администрација.