Британскиот Водафон укинува нарачки за 5Г-телефони на Хуавеи

0
141

Британскиот мобилен оператор Водафон одлучи денеска да го прекине купувањето на 5Г-телефони на Хуавеи.

Компанијата соопшти дека таа мерка не е трајна и конечната одлука ќе биде донесена во зависност од развојот на ситуацијата со кинеската телекомуникациска компанија.

-Прекинуваме купување на моделот Мате 20Х на Хуавеј во Обединетото Кралство, соопшти портпарол на Водафон, додавајќи дека мерката е „привремена додека не помине неизвесноста за 5Г моделите на Хуавеи”.

Објавата на Водафон се случува откако големи мобилни оператори во Јапонија претходно одлучија да го одложат на неодредено време датумот на продажба на новиот П30 на Хуавеи.