Бранко Црвенковски му пиша на ДРВОТО ОД ВОДНО: Ниту од вас ниту од било кој друг, ниту барам ниту прифаќам било какво помилување!

0
1244

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски бара од претседателот Ѓорге Иванов да ја повлече одлуката за негово аболирање.  Неговото писмо до Иванов го објавуваме во целост:

Господине Ѓорге Иванов,
Во вчерашниот број на Службен весник на Република Македонија беше објавена содржината на вашата антидемократска, антиправна и антидржавна одлука. Одлука која по својата содржина, но уште повеќе и по својата намера е срамна и спротивна на здравиот разум.

Иако од ваша страна не може ништо да ме изненади, сепак бев вчудоневиден кога таму го видов и моето име и презиме.

Господине Иванов,

Ниту има било каква основа за такво нешто (против мене не се води било каква постапка), но што е уште поважно, ниту од вас ниту од било кој друг, ниту барам ниту прифаќам било какво помилување.

Од тука ве повикувам под итно да ја измените одлуката и да го избришете моето име и презиме од неа.

Со вас и со тие зад вас, да зависеа работите од мене ниту нешто ќе се преговараше ниту нешто од вас ќе се очекуваше. Одамна ќе се видевме на различни страни од барикадите на клучната средба на нашиот народ со својата судбина.

Се надевам дека и сите останати чии имиња се споменати во оваа ваша скандалозна одлука со индигнација ќе ја одбијат оваа ваша „милост“ и ќе покажат барем трошка морал и достоинство.


БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ

црв црв1