БРАНЕ ЈА РАСТУРИ ЛУПЕВСКА НА ТЕЛМА, РЕКЛАМИТЕ НА ТЕЛМА СОЈУЗНИК НА ЛУПЕВСКА, ЈА СПАСИЈА ОД КОНТРА НАПАДИТЕ НА БРАНЕ

0
277

 

Вечерва Бране на Телма имаше огромна самодоверба, харизма, шарм, доминација, па дури и онаа добро позната ароганција, Бранко по подолго време се појави на ТВ, па вечерва во случајот Телма растури!

Нападите на Лупевска не само што не го збунија Бране туку тој ја посрамоти неколку пати кога и држеше лекции на Лупевска со нејзините перфидни дофрлувања а нејзините напади се одбиваа од Бране како пинг понг топчиња од пинг понг маса, посебно впечатливи беа одговорите на стариот лисец како : Снеже па за ова ли ме викна, или Снеже не си у форма, не те држи баш добро меморијата и слично, Лупевска буквално пресуши со прашања така што рекламите и беа единствен спас за осмислување на прашања и напади кон Бране…

lupevskabrane

Со измевање на политиките на Грујо, со многу логика, чиста мисла, со доминација во интервјуто, со добро поентирање, Бране покажа како се дава интервју, штета што Телма не правеше вакви дебати порано, но подобро некогаш отколку никогаш…

branetoptema2

Лупеска почна да ја форсира тезата дека СДСМ дошол на власт во 2002 поради прислушкувањето во 2000-та и предизвиканата криза во 2001 . И дека тоа било слично сега со аферата со прислушкувањето и Гошинце . Црвенковски и рече дека тоа е бесмислица и дека ако тоа било сценарио дали тоа значи дека таа кога отишла Танушевци и го актуелизираше е дел од тоа сценарио ? Инаку овој спин дека СДСМ доаѓа на власт преку криза го форсираат и мегафоните на ДПМНЕ!

Лупевска потоа се правдаше дека нормално дека не било точно дека било сценарио!

Со други зборови Бране беше многу сигурен во неговите одговори и успешно ги избегнуваше кривините на Лупевска и со тоа конструираше одличен контра напад со контра прашања и акцентирање на актуелната ситуација во Македонија иако Лупевска сакаше Бране да одговара за времето на диносаурусите сепак Бране не наседна на тој спин и распали по режимот на Грујо и аферата за прислушкувањето.