Браво Заев!

0
154

Прво, браво за решението да не учествувате на изборите што злосторничкото здружување на власта ги закажа за петти јуни.

Второ, браво за политичкиот, моралниот и човечкиот гард со кој деновиве, денеска посебно, ги издржавте притисоците на злосторниците да влезете, веројатно во замена за разноразни ветувања, во играта за легитимација на изборите како форма на репродукција на нивната злосторничка власт.

Трето, браво за потврдата и афирмацијата на принципиелните позиции втемелени во стандардите на правото и правдата, на слободата и демократијата, на кои почива борбата на Социјалдемократскиот сојуз, на сета слободољубива опозиција и на граѓанството во Македонија и на кои единствено може да почива здрава, модерна и просперитетна Македонија.

Четврто, браво за позитивниот став кон позициите на меѓународната заедница и покрај тоа што има причини и за критички пристапи во поглед на некои аспекти на нивните политики и пристапи, но на политичкото ниво од кое настапувавте, ставот во врска со позициите на ЕУ и САД беше брилјантно формулиран.

Петто, браво за сиве овие одлуки и ставови со кои злосторничкото здружување, всушност, се остава самоизолирано и разголено, стриптизирано во својот примитивизам, вулгарност и криминал, на буништето што го изгради од нашата Македонија и од материјалните, културните и менталните ресурси на сите нас.

Шесто, браво за сиве овие одлуки и ставови кои по својата природа претставуваат цврста политичка и морална основа за продолжување на нашата битка!

Ќе им го здробиме режимот како што опрема за прислушување се дроби во отпадна работилница. И таму ќе ги оставиме, на отпадното буниште на Историјата!

Ако треба и вселенскатата правда ќе се јави и ние ќе победиме оти е тоа принцип на вселенската хармонија!

Бранко Тричковски