Бојко Борисов: Растревожени сме од бескруполозните дејствија во Македонија

0
387

Лидерот на ГЕРБ и иден премиер на Бугарија Бојко Борисов на денешната средба со новинарите изјави дека е растревожен од тоа што се случува во Македонија, пренесе бугарската агенција БГНЕС.

-Се надевам да се најде политички излез. Синоќа разговарав со претседателот на Македонија, по негово барање. Никола Груевски ми се јави, Зоран Заев – исто така. Како и сите и јас сум растревожен од тоа што се случува во Македонија. Многу внимателно, без никакво мешање во внатрешните работи ги повикав сите да најдат политички излез од ова криза. Таа тлееше со години, рече Борисов.

Тука емоционалните чувства на лидерите на партиите треба да останат на второ место, зашто зад нив стојат многу луѓе. Гледате дека омразата е голема. Се надевам дека ќе се најде политички излез, настојувам на тоа. Од животна важност ни е Македонија да ја сочува својата целовистост и да  продолжи по патот на евроатлантските интеграции, рече лидерот на ГЕРБ.

Ги искористив личните контакти, тие сите ми се јавија, за да нема никакви шлекулации, да им кажам како Бугарија е пример за тоа. Кога има тензии се поднесува оставка, се оди на избори, и тоа што ќе го каже народот, се исполнува, рече Борисов.

Слични крвопролевања и бескруполозни дејствија на држава, која сите ние ја поддржуваме на патот на ЕУ и НАТО, нешто неприфатливо како поведение во едно Собрание, не може да не бидеме растревожени. Тоа им го реков на сите“, објасни лидерот на ГЕРБ.