БОЈАН МАРИЧИЌ: ЗАЕВ ВЛОЖИ НАДЧОВЕЧКИ НАПОРИ ЗА ОВА ВЕЧЕРВА ДА УСПЕЕ!

0
1650

Јас не познавам друг човек кој вложил толку многу време, енергија, сила, жртви, политички капитал и срце за Македонија да успее во напорот да биде демократска, безбедна, уредена, богата, успешна, европска. Нашиот премиер Заев и владиниот тим вложија надчовечки напори да го исполнат идеалот за Македонија во НАТО и ЕУ. За тоа заслужено ќе се најде на најсветлите страници од нашата историја, но и нашата сегашност и иднина.

Оваа победа вечерва ги отвара портите за сигурна и просперитетна иднина на нашата татковина и извлекување од калта на национализмот, корупцијата и лажниот морал. Оваа победа им припаѓа на сите што искрено веруваа и даваа поддршка на Европска Македонија!

Благодарам претседателе Зоран Заев за се’ што направивте вие и владиниот тим. Посебна благодарност за сите 81 пратеник кои имаа храброст, сила и визија да гласаат ЗА.

Голема е честа и гордоста да се биде дел од овој тим!
Продолжуваме уште поодлучно во нови победи!

Да живее Македонија!
Да живее Република Северна Македонија!
Да живее Европска Македонија!