БОРЧЕ ГЕОРГИЕВСКИ, ГАЗИ БАБА: Уште една добра вест, овој пат за најмладите. Реконструкцијата на детската градинка Калинка во Железара е завршена

0
166

👍Уште една добра вест, овој пат за најмладите. Реконструкцијата на детската градинка Калинка во Железара е завршена. Денеска заедно со тимот со кој што работиме на овој проект, направивме увид каде се во тек завршните подготовки како опремување на просторот за пречек на децата. 👩‍👧‍👦

Среќен сум што уште едно ветување се реализира. Трите занимални се спремни за да ги отворат вратите за плус 60 деца. Проширувањето на градинката Калинка го работиме заедно со #МТСП, со средства на општината пак извршивме и обнова на кровот.

Рековме дека ќе работиме за зголемување на вкупниот капацитет во детските градинки, успеавме во тоа ✔️. Си стоиме на зборот. 📈Отворивме нови 220 места за упис на дечиња, со проширувањето на градинките Калинка и Морковче, како и со изградбата на новата градинка во Стајковци.🏤

 Фејсбук статус на градоначалникот на Гази Баба, Горче Георгиевски.