„Бомбите” емотивно ги растурија и најголемите циници, комформисти и малициозни паметњаковичи

0
210

filip-jovanovski-540x435

Фејсбук статус на Филип Јовановски:

Воодушевен сум од емотивната (покрај политичката) улога на „бомбите”. Луѓето се будат, јасно им е, излегуваат од деветгодишното спиење, некои и забораваат на разработениот клиентелистички систем. „Ма какви плус хонорари, се работи за живот или смрт”. Пиздат, смачено им е.

„Бомбите” емотивно ги растурија и најголемите циници, комформисти и малициозни паметњаковичи. Уште треба будење, ама на добар пат сме, народот е емотивно скршен, деконструиран, демонтиран. „Бомбите” се симболот на победата, симболот на слободата.

„Бомбите” се новата парадигма за сериозна општествена промена. „Бомбите” само потврдија дека државата е бомбардирана години наназад, дека живееме/вме во окупација со години наназад. „Бомбите” покажаа дека политиката не се доживува веќе само теоретски и интелектуално, туку растура цели емотивни светови и претстави за идолите, митови што не окупирале. „Бомбите” се Deus ex machina. Воодушевен сум од нивната разорна моќ.

Ако ги преживееме „бомбите “и успееме сериозно да го зацврстиме граѓанското општество, ако сериозно го издржиме овој удар, е тогаш, тогаш нема бегање, тогаш „бомбите” во било која следна влада ќе им пукаат пред врата, пред да дигнат телефон, а не било што да кажат!