БОМБА СО РАЗОРНА МОЌ РОКНА НА НОВА ТВ – Куртоните ја губат медиумската моќ, ОТКАКО РОКНА МПМ сега на повидок е и Алфа, нема пари за плати!

0
2698

Вработените во телевизијата Алфа денеска биле информирани од страна на раководството дека компанијата нема пари да им ги исплати заостанатите плати за јануари и февруари, а им било најавено и дека нема да земат плата ниту за март, дознава НОВА.

Во изминатата една година вработените во телевизијата редовно се соочуваат со доцнење на платите по два и до три месеци.

Исто така им било соопштено дека не знаат кога воопшто ќе можат да ги земат заостанатите плати со образложение дека компанијата имала многу должници.

Тие повеќе од еден месец бараат средба со сопственикот Иво Јанковски, во јавноста познат како основач на продукцијата „Трето Уво“, но по неколкуте одлагања со нејасни образложенија кои ги нудела неговата секретарка, денеска и формално биле известени, дека Јанковски нема да се сретне со нив.

Иво Јанковски стана доминантен сопственик на Алфа кога во август минатата година го откупи мнозинскиот пакет удели од српскиот бизнизмен Веселин Јевросимовиќ.

Јевросимовиќ беше сопственик и во МПМ, издавачот на дневните весници „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“ како и на порталот Телеграф каде што партнери му беа Јордан Камчев и Срѓан Керим, но истата година кога се повлече од Алфа се повлече и од овие медиуми.

На јавноста во Македонија и е познат како корисник на тендерите од владиниот проект „Компјутер за секое дете“ кој што предизвика контроверзии во однос на транспарентноста.

Пред Јевросимовиќ да ја откупи Алфа телевизија, таа беше критички настроена кон власта кога сопственик беше бизнесменот Штерјо Наков. По доаѓањето на Јевросимовиќ, уредувачката политика комплетно се промени и телевизијата во јавноста веќе важеше за уште една освоена медиумска територија од страна на владејачката партија.

Никогаш не стана јасно зошто српскиот бизнисмен се повлече од Македонија, но по неговото повлекување, и од МПМ и од Алфа, започнаа финансиските проблеми на овие медиуми.

Во случајот на МПМ, тоа резултираше со штрајкови на вработените и најави за стечај, додека во случајот со Алфа се уште нема јасни индиции каква ќе биде судбината на медиумот.

Влегувањето на Иво Јанковски во Алфа телевизија, предизвика одредени контроверзии бидејќи не беше познат како професионалец во медиумскиот бизнис.

Неговата компанија „Трето уво“ има тесна соработка со Министерството за култура и изминатите години беше корисник на атрактивни тендери од страна на државните институции.

Извор : НоваТВ