БОМБА СО РАЗОРНА МОЌ НА НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВЛАДА РАШКОВСКИ : Грујо и Емил вработиле 80 нови паразити во влада само две недели пред промената на власта, еден од нив е со диплома по соло пеење!

0
1788

Првата задача со која се соочил генералниот секретар на Владата Драги Рашковски била да и најде работа на последната група луѓе кои старата власт ги вработила две недели пред заминувањето. Додека институции од типот на Правен факултет со години немаат замена за пензионираните кадри, тука вели Рашковски се вработени 289 лица од кои најголем дел немаат работен ангажман соодветен на образованието, пренесува Телма.

Рашковски информираше дека на само 2 недели пред промената на власта, во владата биле вработени 80 лица не биле распоредени на конкретни работни места.

Еден од нив, вели тој, имал завршено средно музичко училиште на насоката соло пеење па сега не знаел каква работа да му даде во Генералниот секретаријат на владата каде што е веќе вработен.

Превработеноста според министерот Дамјан Манчевски единствено може да се реши со реорганизација на администрацијата. По сите досега спроведени реформи, вели тој останаа најголемите проблеми, немотивираноста на вработените и недостигот на стручен кадар.

Граѓанските организации и синдикатите, на министерот Манчевски му испорачаа долг список на барања за што поефикасна администрација, флексибилно работно време и воведување на втора смена за дел од шалтерите.

Професорката за јавна администрација Ана Павловска Данева советува реформите во администрацијата да се прават внимателно и со многу подготовки за да не се повторат старите грешки.

Министерот Манчевски ги демантираше шпекулациите во јавноста дека во првите 11 дена, Владата спровела многу нови вработувања. Гарантирам рече тој дека освен кабинетските службеници кои законски следуваат не е направено ниту едно ново вработување.