БОМБА ОД АГЕНЦИЈА РЕЈТИНГ: ПРЕДНОСТА НА СТЕВО ПРЕД СИЉАНИЦА НА АНКЕТИТЕ СЕ ИСКАЧИ НА 5%!

0
357

Во анкетата на агенцијата „Рејтин“ за разлика од онаа на МЦМС и Социетас цивилис каде Пендаровски е во предност со нешто помалку од 4 проценти, кандидатот за за претседател, поддржан од СДСМ и коалицијата би добил најмногу гласови на претседателските избори – 38,3 отсто, доколку утре се одржи гласањето.

Ова го покажуваат резултатите од анкетата, која ја спроведе агенцијата Рејтинг во периодот од 8 до 14 април, врз репрезентативен примерок со кој беа опфатени 1.112 испитаници.

За кандидатката, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова се определиле 33,2 отсто, а за кандидатот, поддржан од албанската опозиција Блерим Река, 12,6 отсто, додека 15,9 проценти од испитаниците се уште не знаат за кого ќе гласаат.

Според резултатите од испитувањето 42,9 отсто сметаат дека претседателските избори се мошне важни за иднината на земјата, 29,4 отсто сметаат дека се прилично важни, 14,9 отсто дека не се ниту важни, ниту неважни, 3,3 отсто дека се прилично неважни, 6,6 отсто дека не се воопшто важни, а 2,8 проценти не знаат или не дале одговор.