БОМБА НА ТОРТЕВСКИ: Додека бев вработен во СЈО, луѓе ми нудеа поткуп од 50.000 евра да „забошотам“ постапка против функционер

0
859

Тој вели парите му биле нудени преку посредник, а станувало збор за во тоа време актуелен функционер кој стравувал дека ќе стане дел од предметите на специјалното обвинителство.

Адвокатот Александар Тортевски за Канал 5, тврди дека во времето додека бил советник во СЈО, му бил нуден поткуп од 50.000 евра.

Тој вели парите му биле нудени преку посредник, а станувало збор за во тоа време актуелен функционер кој стравувал дека ќе стане дел од предметите на специјалното обвинителство.

Обидот за поткуп, Тортевски вели дека го пријавил на состанок во СЈО, пред целиот колегиум, но и на Катица Јанева. За настанот тврди дека има и службена белешка која е во обвинителството, но поради притворот на Јанева не е во можност да ја добие.