БОМБА НА ПОРТАЛОТ СДК : МИЦКО ОД ЗАЕВ ПОБАРАЛ ЗАТВОРАЊЕ НА ИСТРАГА ПРОТИВ ГРУЕВЦИ ОД СЈО СО ИЗРИЧНА ОДРЕДБА ВО ЗАКОН!

0
1259

Три часа после полноќ сѐ уште траат преговорите меѓу СДСМ, водени од Зоран Заев и Рената Дескоска, и ВМРО-ДПМНЕ, под водство на Христијан Мицкоски и Антонијо Милошоски.

Според информациите преговорите се вжештиле околу старото барање на ВМРО-ДПМНЕ, но овојпат директно кажано од Мицкоски.

Според извори на СДК, Мицкоски побарал предистрагите, истрагите и обвиненијата поведени по 30 јуни 2017 година да запрат со изрична законска одредба која би се вметнала во Предлог-законот за јавно обвинителство. Тоа бил само еден од условите од Мицкоски за да гласа ВМРО-ДПМНЕ за законот, кој се носи со двотретинско мнозинство.

Заев и министерката за правда Дескоска не прифатиле таков предлог, со образложение дека опстанокот на предметите на СЈО до нивното конечно расветлување, се бенчмарк кој се очекува од Македонија да го исполни, за да може да очекува датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Некаде околу 2.30 часот по полноќ, новинарите, поради отсуство на информации од преговорите зад затворени врати и од бесцелното чекање часови и часови, се договорија и си заминаа од Собранието колективно сите.