БОМБА на „Нова“: Платформата на ДУИ во документ предложен од Владата во 2015 – Владата на Груевски се согласила на нов сеопфатен закон за употреба на јазиците!

0
988

Платформата на ДУИ за албанските прашања не е новост за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, открива НОВАТВ користејќи се со официјалните документи објавени на страната на Владата. Не само што не е новост, туку од позиција на премиер Груевски во детали преговарал за точките од актуелната платформа која се наментна како средство за натпревар во наводна патриоштина од инволвираните страни во преговорите за влада, особено оние од власта. Владата на Груевски се согласила на нов сеопфатен закон за употреба на јазиците и тоа идентичен на оној од платформата. Но во тоа време почнуваат „бомбите“, земјата влегува во криза и овој документ останал да чека нов парламент и влада за да биде и официјално пуштен во процедура во Парламентот. Владата дури и препорачала во Буџетот да се превидат пари за преведувачи, промена на таблите на институциите, печатење на материјали што укажува на сериозноста со која тие планирале да го спроведат овој документ.

Сите услови кои лидерот на ДУИ,Али Ахмети, им ги поставува на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Никола Груевски, и на претседателот на СДСМ,Зоран Заев, за формирање на нова Влада, уште пред една година се договорени во официјален владин документ.

Од она што може да утврди од текстот во документот, не се работи за федерализација, кантонизација, поделба на државата, туку за услови поставени во Охридскиот рамковен договор, а потоа и во приоритетните реформи на Договорот од Пржино.

Целата сторија може да ја прочитате ОВДЕ

СПОДЕЛИ