БОМБА НА МАНЧЕВСКИ, БРАВО ПРЕМИЕРЕ, НИ ЈА ВРАТИ НАДЕЖТА: Премиерот Заев ќе побара сите вработени роднини на функционерите да се повлечат од работните места!!!

0
598

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во вечерашното гостување на телевизија Телма најави дека премиерот Зоран Заев ќе побара од сите роднини на функционери на СДСМ кои изминатиов период беа вработени во државни институции и компании да се повлечат од местата.

-Зошто токму сега огласи? Ќе повторам, затоа што институциите имаат реална потреба за тој кадар. За блиски роднини и пријатели кои се вработени, морам да кажам дека тоа не се наши вредности. Ние правиме анализа, и за тоа ние немавме информација. На барање на примиерот, тој бара сите тие да се повлечат. Излеговме од еден ситем со такви вредности каде имаша партиски вработувања и ние се бориме да го промениме тој систем и да го смениме таквиот начин на размилсување. Ние признаваме дека имаме притисок и од наши членови дека тие очекуваат да бидат вработени во државни институции и некои успеале, рече Манчевски.