БОМБА НА МАКТЕЛ: УРЕДНИК НА ГОЛЕМ ПОРТАЛ ДОБИЛ ПОНУДА ОД МИЦКОВСКИ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ВМРО НА ВЛАСТ ДА БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ИНФОРМАЦИИ, А НЕГОВИОТ НЕРАЗДЕЛЕН ПАРТНЕР РЕЖИСЕР ДА БИДЕ МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА!

0
662

Мактел дознава за една приказна која бруи во политичките и новинарските кулоари.

Имено еден уредник на голем портал чиј надимак се римува со СЕРО и неговиот неразделен партнер и финансиер, екс директор на голема невладина чие име е слично на МЛАДЕ добиле понуда која не се одбива од лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Имено откако овие двајцава добиле практично ШУТ ВО ГАЗ од лидерот на СДСМ кој не ги земал многу сериозно нивните совети и инсистирања тие да бидат главни кадровици и стратези на новата влада за која двајцата се сметале за најголеми ВИНОВНИЦИ зошто владата дошла на власт па сметале дека Заев им должи многу, разочарани од тој пристап, налутено заминале во Белиот Дворец и му се понудиле на Мицковски како тандем кој може да ја сруши владата на Заев како одмазда за корпата од Бихачка.

Мицковски тоа го прифатил со раширени раце и им понудил министерски места во владата на ВМРО ДПМНЕ, секако кога вемерето ќе се врати на власт.

СЕРО добил понуда да биде министер за информации, додека МЛАДЕ добил понуда да биде министер за култура, позиција која тој ја меркал речиси 30 години, ама никој не му текнувало да му ја понуди.

Оваа зделка се случила пред неколку месеци, и од тогаш ова дуо ја МАСАКРИРА владата за што треба и не треба, а особено е напенален и градоначалникот Шилегов.

Исто така како дел од зделката, двајцава добиле задача и да УНИШТУВААТ силни провлаидни медиуми и новинари со измислување на афери и скандали по системот РЕКЛА- КАЗАЛА!

Па СЕРО овие денови почна да објавува колумни каде наводно начул наслушнал по кафаните низ Скопје како имало некакви РЕКЕТАРСКИ БАНДИ со аудио снимки, па како уредници и газди на медиуми барале рекет од бизнисмени за што ја обвини власта?!?! И сето тоа без никаков доказ, сведоштво со име и презиме, само набацено нафрлено клеветнички со цел оцрнување на медиуми и политичари!?!?!?

И сето тоа од еден голем БАРД на мк новинарството кој некогаш бил и професор на високата школа по новинарство?!

ТОА ЛИ Е ТОА ГОЛЕМО НОВИНАРСТВО ОД КОЕ НИЕ ПОМЛАДИТЕ ТРЕБА ДА УЧИМЕ?!?!

Инаку оваа зделка очигледно се има случено пред претседателските избори, па беше комично да се види како СЕРО ги премолчуваше сите гафови на Сиљановска а правеше паника од гафовите на публиката на Пендаровски кои им ги припишуваше како гафови на Заев и Пендаровски?!?!

А сега да му се додворува на Пендаровски со умилкувачки колумни во кои го брани од Србите и го фали Пендаровски како опретседател визионер, иако направи се тој да не стане претседател?!?!

Дури и во колумна ја тешеше Сиљановска да не се секира за гафовите, а нејзиниот резултат на ТВ го величеше како ВРАЌАЊЕ НА ВЕМЕРОТО НА ГОЛЕМА ВРАТА ВО МК ПОЛИТИКАТА?!?!

Откако урлаше за метла, и откако Заев ја прифати метлата, тогаш СЕРО ја сврте плочата и напиша дека метлата не е доволна и дека Заев треба да си размисли и за својата одговорност, со други зборови му предложи сам да се смете?!

Откако се има сличено зделката, СЕРО му даде отказ на еден од нашите најголеми борци против режимот на Грујо во весникот кој го уредуваше и почна жестока црна пропаганда против него на фб нарекувајќи го куче скитник?!?!

Потоа распали по 1 ТВ на Боки со што им објави војна на бардовите Ордановски, Борјан, Јадранка Костова, Кабранов, Чомовски што се смета за прилично луд потег, но очигледно планот е да му се помогне на ВМРО ДПМНЕ со тоа што ќе се оцрнат најголемите новинарски имиња како рекетари?!?!

Во исто време отиде кај Јанко Бурек во емисија и го третираше Бурекот како голем тв водител и новинар со кредибилитет и квалитет на македонски Лари Кинг?!

Прашање на време е кога ќе му отиде и на Миленко и ќе се здружи и со него, веќе и онака 90% од фб постовите им се поклапаат на иста тема и со иста анализа, дури СЕРО повика и да не се одржи геј парадата и ги предупреди сите политичари дека ќе извршат политичко самоубиство ако се појават или ја помогнат таа парада?!

Што ли мисли и за ова МЛАДЕ, зарем е можно и тој да не го разбира концептот на ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО?! ТОА БИ БИЛО ЕПСКА ТРАГЕДИЈА!