БОМБА НА ЛИБЕРТАС: Сашо Мијалков непоканет седнал на маса до Катица Јанева во ресторан во два по полноќ!

0
1067

mijalkov.katica

Пред два дена во 2 часот изутрина во ексклузивен ресторан во Скопје случајно се нашле во исто време специјалната обвинителка Катица Јанева и екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Очевидци кои седеле на соседната маса за Либертас велат дека Јанева била во друштво со уште две колешки обвинителки и си правеле муабет откако претходно биле на коктел. Додека муабетеле во ресторанот влегол Мијалков и бидејки имало слободно столче до специјалната обвинителка пришол за да се запознаат.

-Тој и се престави на Катица, а таа се насмевна и му се престави и таа  – вели нашиот извор.

Екс разузнавачот останал само неколку минути со трите обвинителки, најверојатно само да се запознае со Катица и си заминал оставајки ги колешките да го продолжат полноќниот муабет.

Специјалниот обвиител Катица Јанева според договорот од Пржино треба да ги расчисти бомбите од прислушкувањето за кои опозицијата тврди дека налогодавачи биле премиерот Груевски и неговиот братучед – првиот човек на УБК, Сашо Мијалков.