БОМБА НА ЗОКИ РОЏЕР: Амди Бајрам и ВМРО ДПМНЕ со своите судии ми зедоа се што имам и дуќани и куќа и ресторани, морав да бегам со фамилијата за Австралија за да се прехраниме!

0
2700

Зоран Илиев вам попознат како Роџер кој важи за една од скопските урбани легенди, три години со неговата прекрасна сопруга Ана, синовите и ќерката живее и работи во Мелбурн. Од неодамна и еден од неговите синови, Давид замина таму. Кои се причините за првпат објаснува јавно и отворено за Точка.

Кој беше пресуден момент да се решите да се спакувате и да заминете „преку големата бара“?

– Причините поради кои заминавме се преголемите неправди кои ни ги нанесе системот и ни ги затвори сите бизниси кои ги работевме. Луѓе поврзани со судот и власта ни затворија се. Јас сум со гаранција единствениот човек кој не можеше да влезе во својот сопствен дуќан без никаква причина, долг или проблем.

Едноставно не ме пуштаа со обезбедување од трговскиот и под уцена да ми го купат дуќанот. Така морав да го продадам на трето лице бидејќи не можев да влезам. Имам 6 записника од полиција дека не ме пуштаат и на крај судијката која донесе времена мерка да ме пуштат издаде решение дека се е измислено, сите докази ми ги отфрлија под притисок од Амди Бајрам и неговиот зет, директор на ГТЦ – Аго Абазовски.

Ми го раскинаа договорот вреден 475.000 евра со новите кираџии. Ми го раскинаа договорот и не пуштаа да влезет нови кираџии. Потоа не го пуштаа и купецот неколку месеци.

Целото интервју на Точка.