БОМБА НА ЗАЕВ : СДСМ БАРАШЕ ИЗБОРИ ВО ДЕКЕМВРИ, ВМРО-ДПМНЕ НЕ ПРИФАЌА, БИЛО ПРЕМНОГУ РАНО, ПА ПАДНА ДОГОВОР ЗА ИЗБОРИ НА 12-ТИ АПРИЛ

0
719

Премиерот Зоран Заев кажа дека на лидерската средба било договорено предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април 2020 година.

Тој кажа дека претходно ќе има техничка влада од 100 дена.

Како што кажа тој, предлогот од СДСМ бил на 22 или 29 декември да се оди на избори, но дека имало реакции дека со тоа не би имало техничка влада од 100 дена, па се зборувало за повеќе термини во текот на март и април, па го утврдиле овој термин, меѓу другото и поради тоа што тоа е на една недела пред православниот Велигден (кој е на 19 април), но и пред започнувањето на рамазанскиот пост (кој започнува на 23 април).