БОМБА на Заев во ФОКУС: Власта им се заканува на агентите на УБК што ми ги предадоа снимките и се засолнија во странство!

0
800

Во најновиот број на неделникот Фокус ќе читате:

ГРУЕВЦИ СТАНАА ТРАМПОВЦИ
Најзабавно беше да се следат славеничките прчења на фановите на нашиот пастир за победата на Трамп. Фалеше само уште да прогласат дека Клинтоноица изгубила оти немала програма. Груевци станаа трамповци! Толкава радост на Балканов споделија само шешељовци и колегите им од Златна зора. Тамам да организираат четничко-комитска забава на која ќе се игра сиртаки

ЏОЛЕВ ПРОТИВ ПАНЧЕВСКИ
„Фокус“ открива детали од кривичната пријава на судијата Иван Џолев против претседателот судот, Владимир Панчевски. Според пријавата, Панчевски побарал предметот што го водел за тешка кражба да го препушти на Косово, а му наредил и да влијае врз сведоците за да ги сменат исказите

ВЛАСТА ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА АГЕНТИТЕ НА УБК ШТО МИ ГИ ПРЕДАДОА СНИМКИТЕ И СЕ ЗАСОЛНИЈА ВО СТРАНСТВО!
Во интервју за „Фокус“ лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека СЈО има докази за да ја обелодени вистината за прислушувањето пред изборите, обвинителството ги знае и сведоците кои му ги дале снимките, но открива дека власта ги пронашла, им се заканува и ги уценува

ДОЦЕНТ БЕЗ ТРУДОВИ
Рецензентската комисија го поништи изборот на Филип Петровски за виш научен соработник на Институтот за национална историја. Во меѓувреме, од универзитетот Евро-Балкан известија дека проблематичен е и неговиот избор за доцент во 2012 година, зашто нема објавено доволен број научни трудови

АРОГАНТНИ ОПОЗИЦИОНЕРИ
Од ненароден режим, фатен како го ограбува народот, полош е само криминален режим поддржан од народот. Оттаму, евентуалната победа на македонскиот сатрап на регуларни избори, може да значи само лиценца за политичка еутаназија на правдата, демократијата и слободата, тие три незаменливи еликсири на животот

ИНФЛАЦИЈА ОД ВЕТУВАЊА

Министерот Тодоров најави инвестициски бум од 200 милиони евра во јавното здравство, за реконструкција и изградба на болници, како и за набавка на опрема. По трагите на ветувањата за здравството, откривме дека екс премиерот Груевски дури осумпати од 2010 година до денес ветувал изградба на Клинички центар во Скопје!

УМЕТНОСТА НА ТРОЛАЊЕТО
Вистинската промена би дошла само ако се смени начинот на владеење, столбовите на системот, правилата на игра. Значи, постои сериозна разлика меѓу поимите „промена“ и „замена“. Изборите треба да дадат баш таков резултат. Не само замена, туку од корен промена

Колумнисти:

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
На Цар Самоил му пукнало срцето од мака кога ја здогледал својата ослепена војска. Повеќе од сигурен сум дека на „лидерот“ НГ ќе му пукне срцето од мака само ако се посомнева, а камоли ако види дека барем еден од неговата војска прогледува. Нему му се потребни слепи војници, кои можат да гледаат само преку очите на „лидерот“

Ана ПАНОВСКА
Груевски не смее веќе да си замине! Имаше шанса пред две години доброволно, тивко, без ѓурултија, со наведната глава да си замине и тоа во време кога народецов не ни сонуваше дека до таа мера можело да се краде, од избори до плацови. Не! Тој на 11 декември мора да биде избркан, истуркан, исклоцан, исплукан…

Рамадан РАМАДАНИ
Зад потребата на ДУИ да изустат три-четири реакции за гласовите на Албанците и СДСМ, за само два дена се кријат други маки. Првата е нешто што веќе неповратно им нанело штета во глумењето нормална политичка партија, а тоа е дека отворањето на вратите на СДСМ за Албанци значеше затворање на вратите за нив

Гордана ПОПСИМОНОВА
Во овие моменти на сомневање и себепреиспитување, поставувајќи си ги прашањата за тоа дали можевме поинаку и подобро, можам, смеам и морам да кажам само една народна мудрост, која вчера ја прочитав како фејсбук-порака – ајде да победиме, па потоа да видиме кој за што е заслужен

Александар ТОРТЕВСКИ
Панчевски можеби ќе ме обвини дека јас сум влијаел врз него да гради дивоградба или да влијае врз судијата да преземе незаконски дејствија. А што се однесува до депресијата од која наводно сум се лечел морам да кажам дека ваквите кловновски јавни настапи на Панчевски толку ме засмејуваат што воопшто и не ја чувствувам