БОМБА НА ДИРЕКТОРКАТА ОД УЈП, САЊА ЛУКАРЕВСКА : Се укинува обврската на граѓаните да поднесуваат годишна даночна пријава

0
5613

Од следната година граѓаните ќе бидат ослободени од обврската самите да поднесуваат годишна даночна пријава до шалтерите на Управата за јавни приходи. Владата со одлука го промени на начинот за пресметка на персоналецот и за поднесување на пријавите.

Според новите прописи, УЈП ќе има обврска да ги собере сите податоци за остварените приходи на физичкото лице и во електронска форма да му ги достави на увид за дополнение или исправка.

Секој граѓанин ќе има лозинка преку која ќе може да влезе во пријавата доставена од УЈП и да направи проверка на своите податоци. Ако забележи дека во пријавата не се внесени некои од остварените приходи истите ќе може сам да ги додаде.

Се проценува дека годишно даночната пријава ја поднесуваат над 300 илјади граѓани.