БОМБА НА ГОРАН СДК: ВМРО ниту за 1% не е променето од времето на Груевски, Заев прави многу добри работи но јавноста реагира бурно на грешките кои се ретки ама се генијални!

0
1332

Власта не е бахата само кон јавноста. Тие се бахати и кон сопствената работа. Едни болни цреши во Скопје не можеа да исечат без да се направи паника. Во времето на Груевски се сечеа и здрави дрвја за тој да си го изгради „Скопје 2014“. Затоа, сега не можеш да сечеш суви дрва без пред тоа да објасниш што ќе правиш. Како некој што дошол на власт марширајќи заедно со луѓето што ги бранеа и дрвјата од Груевски, мора да си свесен колку тие луѓе се чувствителни.

Видете ја и манипулацијата со пензиите. Кога Груевски и Зоран Ставрески ќе се пофалеа дека ја покачуваат пензијата за 500 денари, линеарно за сите и сосема незаконски оти не ја покачуваа со усогласување на трошоците два пати годишно, сите се сликаа, аплаудираа, држеа прес-конференции… Заев најави дека пензиите ќе се покачат линеарно за 700 денари, но плус останува и законското усогласување два пати годишно, ама сега е „еее, само 700 денари, ич не ги покачувајте“. Па и минималната плата била мала. Па и зошто само на лекарите и сестрите им покачувате, зошто не им покачувате и на друтите, „а вие скенирајте фискални“…

Кај нас е вкоренето чувството дека власта манипулира со интересите на граѓаните. Дополнително, тоа чувство е искомбинирано со едно чудо непроверени вести од непознати извори на информации, повеќето лаги. И супер е тоа што луѓето се охрабрија. Па се распишаа по фејсбуци за сѐ што ги мачело, оти порано не смееја ни да лајкнат, а не пак да коментираат. Затоа и сме се бореле, да може секој да си каже што му е на срце без да се правда дека ќе го избркале од работа, детето немало да го вработат, ќе му ја земат фирмата, ќе му пратат инспекција, ќе трпи бизнисот… Како што беше до пред само 3 години.

А бе, нѐ прислушуваа. Покрај тоа што крадеа на избори за да останат на власт засекогаш, направија своја инфраструктура за да ја покрадат и државата. Сетете се само што правеа со Ѓорге Иванов, кроткиот интелектуалец. И сега, успеваат да направат толку бука за да нѐ убедат дека сите се исти.

А власта покажа толку неукост и бахатост, што дозволи перцепцијата за нив да ја гради оваа растурена, нереформирана ВМРО-ДПМНЕ. Со ова судство ни Мицкоски нема да мора да расчистува со криминалното минато на партијата.  Неговата партиска мантра е – ако сме ние злосторници и корумпирани, тогаш и тие се злосторници и корумпирани. Сите се исти. Што ќе доведе до краен резултат – „Е, не ви гласам бе!“. А од стратегијата „Курто-Мурто“ корист има само ВМРО. И тоа ова ВМРО, што го запознавме од бомбите. Уште е истото тоа ВМРО.

Линк до целата колумна, овде.