БОМБА НА ВУК ЈЕРЕМИЧ : ГРУЈО СО ПОМОШ НА ВУЧИЌ ПЕРАТ ПАРИ ПРЕКУ ВЛАДАТА ВО БЕЛГРАД

0
751

Претседателот на  Народна странка Вук Јеремич денес ги повика државните органи да истражат врска помеѓу Војислав Спаравала, директор на фирмата СЦМГ која го набавила крушевачки ”14 октомври, со бившиот македонски режим на Никола Груевски.

Јеремић за ТВ Наша изјави дека не се точни тврдењата на Српска напредна странка за тоа дека е пронајден стратешки партнер за “14 октомври, кој бил во стечај од јануари 2016. Кога фирмата била проценета на околу 48 милиони евра, каде чешката компанија “Чехословак груп” во октомври оваа година преку београдската фирма ЦВМГ на Војислав Спаравала станала сопственик на централата од крушевачката фабрика за четири милиони евра, и тоа преку директна спогодба, без јавна лицитација.

Од фирмата е одземана целата имотнина додека отпуштените работници не се вратени на работа”, изјави Јеремич.

Тој во неговата изјава наведе дека по законот директната спогодба за купопродажба важи само во специјални случаи а “специјално во овај случај е тоа дека оваа година во Македонија е соборен диктаторскиот режим на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и на неговиот сијамски близнак, длабоко корумпираниот режим на Вучич.

Тогашните луѓе на режимот на Груевски во Македонија, а пред сите Сашо Мијалков, бившиот шеф на тајната полиција и десна рака на Груевски, панично кренаа да извлечат пари стекнати на коруптивен начин во Македонија и да ги пласираат по разни шеми како што се преку рајските острови, во Холандија, во случајот со 14 октомври преку Чешка, изјавил Вук Јеремич.

Јеремич додаде дека во Македонија се води сериозна истрага за тоа кој од поранешниот македонски врв учествувал во оваа коруптивна зделка со 14 октомври каде е вмешан и поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков.

Како иновативен пример на перење пари од државата преку стечајни постапки Јеремич изјавил дека парите се префрлани преку државната Белградска работна школа, преку фирмата “Контики” за потреба на еден спортски клуб близок на еден сегашен српски министер.

Јеремич го прозва министерот за поднесе оставка а истражните органи на Србија да го истражат овој случај.

Јеремич изјавил дека има копија од тие договори помеѓу “Контики” и Белградската работна школа.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

НАПИШИ КОМЕНТАР