БОМБА НА ВРХОВНАТА СУДИЈКА ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА: Ни господ не може да им помогне на обвинетите од СЈО, а не пак амнестијата на Иванов!

0
748

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Мицкоски се определи за најприземната одлука што може да ја донесе еден неук политичар, кој сака да стане лидер, а нема став по клучното прашање за иднината на државата. Неговата одлука е прашањето од државен интерес пар екселанс да го претвори во мизерна битка за власт. Но таа политичка математика може многу да го чини. Или него, или партијата

ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА: НИ ГОСПОД НЕ МОЖЕ ДА ИМ ПОМОГНЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ОД СЈО, А НЕ ПАК АМНЕСТИЈАТА НА ИВАНОВ
Врховната судијка, која во својата 32-годишна судиска кариера ги помина сите скалила, за „Фокус“ отворено зборува за притисоците на кои се подложени судиите, за местењето предмети, за амнестијата на Иванов, но и за нејзиното деградирање од претседателот Јово Вангеловски и за тоа како од рака и бил земен предметот за бизнисменот Сеад Кочан, за потоа незаконски да се спаси од притвор

ИЗВЕСЕН РЕЗУЛТАТ, НЕИЗВЕСЕН ЦЕНЗУС
ВМРО-ДПМНЕ не изгради јасна позиција за претстојниот референдум, туку одлучи да ги остави граѓаните сами да решат дали ќе го бојкотираат или активно ќе учествуваат. Партиски извори велат дека раководството ќе примени концепт на тивок бојкот, за што наводно бил формиран и неформален штаб

ЉУПЧО СТОЈКОВСКИ БУЈОТО: ФАМИЛИЈАТА МИ ГО УНИШТИ БИЗНИСОТ, ЗАШТО СЕ ДРЗНАВ ДА ИМ ПОНИШТАМ ТЕНДЕР!
Започнал со едно дуќанче уште во 1981 година, а после скоро три децении ќе раководи со успешна компанија, бренд со 230 вработени. Никогаш не работел во државна фирма и никогаш не егзистирал од државни тендери затоа што не сакал успехот во работата да му зависи од некој министер. Исклучокот, кога во 2008 ќе учествува на тендерот на ФПИОМ, верува дека е почеток на крајот на „Бујото“

 НЕПОДНОСЛИВА ЛЕСНОТИЈА НА АЗДИСУВАЊЕТО
Има и трета опција. А тоа е да се сфати дека не може државата со нејзините повисоки интереси да биде заложник на ниту една тајфа која глуми идеализам, а аздисува. Фразите „пуштете нѐ да крадеме инаку отиде името“ и „пуштете нѐ да крадеме инаку отиде НАТО“, се две страни на една иста, фалшлива паричка

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Има доволно време уште малку да се бориме со ветерниците на Дон Кихот од забеганата приказна на „патриотите“. Македонскиот јазик, идентитетот и националноста ‒ Македонец, се забетонирани со Договорот од Преспа. Тоа се премногу сериозни прашања, кои не смеат повеќе да бидат чиста занимација и мезе за ВМРО-ДПМНЕ во нивната дезориентација на политичката сцена

Денко МАЛЕСКИ
Во честитката од Иванов, линијата која доведе до создавањето на македонската држава почнува со Илинденците и АСНОМЦИ-те, но завршува со народот. Кога доаѓаме до поновата историја, има само „автентична и чиста волја на македонскиот народ“ за своја држава. Ех, така да се правеле држави, од „чистата волја“ на народите, ќе ги имаше барем десетина илјади

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Човекот кој сѐ уште го зазема местото претседател, Ѓорге Иванов, е живиот доказ дека секој себеси може да се замислува како „независен“ и „суверен“, но за реално да ги има тие обележја, таа независност и сувереност мора да биде признаена и почитувана од оние кои имаат сила и моќ да ви ја одземат

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Мнозинството македонски олигарси, кои на криминален начин акумулираа огромен капитал, никогаш не го баталија нечесното работење и не раскинаа со нивното темно минато како што гуштерот си ја откинува опашката