БОМБА НА ВАНЕ ЦВЕТАНОВ: ПОДЕТАЛНО ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА СО СПИРО И МИЛЕ!

0
1134

1. За Директорот на Затвор Скопје-Скопје да биде дефокусиран тој ден, од страна на Заменикот Директор Садуш Арифи кој е кадар на ДУИ, е фингиран итен и неодложен состанок, на кој состанок имало викање, тензии и расправии околу правата на Заменик Директорот.
(за Садуш Арифи е добро детално да му биде испитана имотната состојба за периодот од кога е именуван,…).

Состанокот е назначен како “итен и неодложен политички состанок” а на истиот состанок, присуствувале Мемет Заку, Шеф на кабинет на Бујар Османи и Дејан Ампев Шеф на кабинет на Кирацовски.

Одовде, се поставува прашањето:
КОЈА УЛОГА ЈА ИМААТ ПОЕДИНЦИ ОД ВРВОТ НА ДУИ да организираат “важен состанок во важно време” а проблемот да го кренат на толку високо ниво за да обезбедат и покритие преку присуство на Шеф на кабинет на Ген.Секретар на СДСМ?

Одовде е сосема јасно дека поединци од ДУИ се вклучиле од почеток во организирањето на оваа Фингерајка, и вниманието на Goko Kotevski свесно е одвлечено на друга страна. Операцијата е завршена, а наместен и жртва е токму Директорот Ѓоко Поповски ни крив ни должен.

2. Првата прошетка на која Спиро почнува да провоцира други притвореници, се случува околу 11.30.
После кратката расправија и повлечи-потегни, состојбата е смирена.

3. Командир на Смена е Оливер Цековски од Крива Паланка, близок до ДПМНЕ. Командирот, иако е познавач на состојбите и знае што е РИЗИК, за ова не го информира Директорот, туку го информира само главниот Заповедник Сашко Лазаревски кој беше во одлични релации со МВРО ДПМНЕ во времето на режимот. Настанот со Спиро е заташкан и не се превземени никакви мерки за дополнителна безбедност.

4. Садуш Арифи е спојката помеѓу осомничените терористи од Диво Насеље, луѓе од ДПММЕ и поединци од службите.
Главна спона во организирањето на фингерајката.
Треба да се истражи дали тој го договорил нападот за извесен надомест. Информативно, додека претходно беше во притвор Миле Јанакиевски, бил во иста група за прошетка со човекот кој го нападнал завчера, но имале нормални односи и претходно немало никакви проблеми помеѓу нив.
Изненандниот напад без основ, е класична нарачка и договорка.

5. Миле е нападнат околу 13.30. По нападот бара лекарска помош.
Лекарката Петра Кончар, која што е многу блиска до ДПМНЕ, очигледно подготвена, крева непотребна хистерија. Миле бара да биде транспортиран во Систина, но од безбедносни причини е однесен во 8-ми септември.

6. Кој ја дава информацијата до медиумите?
И без разлика што е пресечен делот од планот за во Систина, каде што веројатно би имало уште повеќе циркуз, некој издава “класифицирана информација” каде се наоѓаат двајца осомничени за тероризам. Односно новата локација, болницата 8-ми септември.

7. Од овие детали, можеме да заклучиме дека Директорот нема врска со вина за фингерајката, а во истата биле вклучени и инволвирани горепосочените.

8. Одделот за организиран криминал при Јавното Обвинителство, во соработка со МВР, треба детално да го преиспита сето ова, за да се открие целото сценарио и сите сторени кривични дела. Но и се што напишав во претходниот пост.

Фејсбук статус на екс директорот на агенцијата против перење на пари, Ване Цветанов